Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија и со редовни месечни примања.
Износ на кредитот | до 150.000,00 денари |
Каматна стапка | 10%, променлива за остатокот на периодот |
Рок | 24 месеци со можност за продолжување до 60.000,00 денари; 48 месеци со можност за продолжување до 150.000,00 денари |
Обезбедување | меница, жирант/и, депозит |
Интеркаларна камата | Интеркаларна камата се пресметува од денот на исплата на кредитот до почеток на пресметка на првиот ануитет |
СВТ | 20,08% за кредит во износ од 100.000,00 денари, со каматна стапка од 10%, со рок на отплата од 24 месеци.-Висината на СВТ е променлива, во зависност од рочноста, износот на кредитот и трошоците, како и номиналната каматна стапка |
Манипулативен трошок | 1% од износот еднократно |
Апликативен трошок | 500 денари |
– до 60.000,00 денари без жиранти
– над 60.000,00 денари со 1 жирант
Износот на месечниот минимум за плаќање е 3% од вкупниот долг плус камата за искористениот износ.
Без провизија за предвремено затворање на кредитот
Останати трошоци – 100 до 500 денари за меница
Потребна документација
- Заверена административна забрана во два примерока за кредитобарателот
- Заверени административни забрани во два примерока за секој жирант поединечно
- Потврда за висина на примања како за кредитобарателот така и за секој жирант поединечно
За вработени лица во приватни претпријатија потребни се:
– Рекапитулари ( декларација за прием) за последните три месеци
– Тековна состојба од Централен регистар
– Извод од трансакциска сметка за последни 3 месеци
– Образец М1/М2
– Здравствена легитимација/ФЗО број за кредитобарател/жирант