Потрошувачкиот кредит е наменет за сите кредитоспособни лица кои се во редовен работен однос.
Во зависност од примањата може да се одобри до 350.000,00 денари. Каматната стапка изнесува 10,25%.

Износ на кредитот  до 350.000,00 денари
Каматна стапка 10,25%
Рок до 60 месеци (5 години)
Обезбедување меница, жирант
Интеркаларна камата Интеркаларна камата се пресметува од денот на исплата на кредитот до почеток на пресметка на првиот ануитет
Манипулативен трошок 1% од износот еднократно
Апликативен трошок 500 денари

Без провизија за предвремено затворање на кредитот

Останати трошоци – од 100 до 500 денари за меница (во зависност од одобрениот износ на кредит)

Доколку кредитокорисникот има месечни примања над просечната плата во Р. Македонија, тој може да има специфична кредитна способност, ануитетот може да биде во висина од 1/2 од неоптоварените месечни нето примања.

Потребна документација

  • Заверена административна забрана во два примерока за кредитобарателот
  • Заверени административни забрани во два примерока за жирантот
  • Потврда за висина на примања како за кредитобарателот така и за жирантот

За вработени лица во приватни претпријатија потребни се:

– Рекапитулари ( декларација за прием) за последните три месеци

– тековна состојба од Централен регистар

– Извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци

– Образец М1/М2

 

 

 Документи со 1 жирант