ФД ЕУРО МК ДОО Скопје одобрува кредити на сите физички лица и домаќинства кои се кредитоспособни и кои остваруваат приходи по било која основа и во било која стопанска или нестопанска дејност или гранка. При доспевање на последниот ануитет или рата, возраста на кредитобарателот на треба да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи, освен за кредитите кои се целосно обезбедени со залог или хипотека и кредитите за пензионери.
 
Поднесување на барањето за кредит се врши директно во просториите на ФД или преку веб страната.
 
По поднесувањето на барањето за кредит, Финансиско друштво веднаш врши анализа на кредитоспособноста на кредитобарателот и жирантите, и врз основа на тоа, одлучува за висината на одобрениот кредит, или за негово одбивање.